Весна Јордановска Тасевска е родена во Кратово во 1966 година. Во родниод град завршува гимназија, а студии по електротехника завршува во Скопје каде што продолжува да живее и работи.

Наклонетост кон пишаниот збор изразува уште на рана возраст, но нејзиното творешто процутува во зрелите години. Следат признанија од уметничките кругови, како и следбеници – љубители на нејзиниот единствен, сестран стил.

Автор е на стихозбирките „Песни за три времиња„ и „Чуварот на моето срце“. Учесник е во неколку антологии на поети од Македонија: „Распеано славејче“ – антологија за деца,Поезија за душа 2“ и „Љубовен чардак“; но и интернационални антологии: „Поезофија“, „Поетски одблесоци“ и „Балканска љубовна поезија“. Пишува текстови за популарни песни изведувани на нашите фестивали. Нејзиниот долгогодишен проект „Музика без ноти“ е посветен на поезија погодна за употреба во популарни жанрови.

Добитник е на повеќе признанија и награди, меѓу кои „Охридијада“, „Поезофија“ и „Поетска Гала“. Во 2019 добитник е на наградата „Лирски цвет„ за најубава лирска песна на традиционалната манифестација „Македонска лирска поезија“ во организација на поетесата и писателка Милица Паулус. Истата година добива втoрa нaгрaдa oд издaвaчoт Дaтa Песнoпoј зa стихизбиркaтa „Чувaрoт нa мoетo срце“.