Долгогодишниот проект „Музика без ноти“ е дом за поезијата створена за примена во типичните популарни жанрови. Архаичниот стил на оваа поезија ја прави погодна за употреба во популарната музика со фолклорни примеси.

Инспирација во неа пронаоѓа композиторот Оливер Глигоров и започнува долгогодишна соработка со Весна. Подоцна соработка почнува и Дејан Миленковски. Пејачите Зоран Панделиев, Иван Радевски, Вера Трајковска и Фазли Луик се пронаоѓаат во поезијата и музиката, што носи до долгогодишни соработки.

Добивајќи музика (ноти), поезијата добива автономија од досегашниот дом при „Музика без ноти“. Дел од овие песни зеле учество на „Охридфест“’, „Охридски трубадури“ и „Росафест“.